(ФОТО) Еден детал на обувките е потребен за да бидете во тренд ова лето

Највпечатливиот тренд за оваа сезона се панделките, а се наоѓаат апсолутно насекаде. А ова лето особено ги обожаваме на обувките.

Панделките најчесто се носат во косата и можат обичната фризура да ја претворат во гламурозна. Исто така, тенката коса украсена со панделка делува како да има волумен, а коњското опавче делува поелегантно.

Меѓутоа, оваа топла сезона завладеа „манијата на панделките“ и тие ги има буквално насекаде.Се носат и на ташните како детали а особено популарни се кај обувките. Ова лето ќе биде во знакот на сандалите со панделки, било да се работи за отворен или затворен модел, доколку сакате да бидете во тренд морате да поседувате пар во вашиот плакар.




Коментари

[fbcomments]