Категории

(ФОТО) Фановите пресреќни: Омер повторно слободен – еве ја причината за крајот на врската со Гупсе!

Миленикот на женската популација, турскиот актер Бариш Ардуч е главна тема го турските таблоиди и тоа поради неговиот љубовен живот. Имено, откако почна да се емитува серијата „Изнајмена љубов“ и да ги руши сите рекорди на гледаност, врската на Бариш и актерката Гупсе Озај полека се разниша.

Како што пишуваат медиумите, причината за тоа е љубомората на Гупсе за неговиот однос со Дефне за време на снимањето. Сигурно сте забележале дека Дефне и Омер глумат толку реално, што за момент ве чуди како е можно покрај таков пламен пред камерите да нема ништо меѓу нив.

Наедно, токму поради тоа Гупсе извесен период е разделена од Бариш, а лицето за односи со јавност на актерот во изјава за медиумите вели дека неговиот клиент не сака да коментира по тоа прашање. Во секој случај оваа шпекулација им одговара на фановите, кои навиваат Бариш и Елцин да бидат заедно и во реалноста иако Елцин Сангу веќе има момче.

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
540
Објавено на:
02.05.2017