Категории

(ФОТО) Главни модни трендови кои ќе доминираат ова лето

Модниот свет подготви многу нови изненадувања кога се во прашање летните трендови, а голем дел од нив сигурни сме дека ќе им се допаднат на сите девојки

Летото е на прагот па затоа на време подгответе го вашиот плакар со најмодерните парчиња. Што се однесува на претстојната сезона на располагање ќе ни бидат различни стилови во кои сигурни сме дека секоја дама ќе пронајде нешто по свој вкус.
Еве кои ќе бидат најактуелните трендови оваа жешка сезона:

СВИЛА

Овој тренд се врати минатата есен. Свилените фустани и здолшнита обожававме да ги комбинираме со џемпери и чизми, а ова лето повторно е на врвот само што овој пат нема да ви бидат потребни плетива. Фустаните можете да ги носите во комбинација со сандали а здолништата со кошули и кроп-топови.

ЦВЕТЕН ПРИНТ

Цветниот принт е резервиран за пролетта и летото, така што и оваа топла сезона ќе уживаме во неодоливите романтични парчиња во цветен принт.

ТЕКСАС И БЕЛА КОШУЛА

Безвременската класика – фармерки и бела кошула никогаш не излегува од мода. Вљубеничките во минимализмот особено ќе им се радуваат на овие стајлинзи кои се вистински симбол на елеганција и женственост.

БЕЛ ФУСТАН

Додека температурите се искачуваат над 30 степени, белите парчиња се идеален избор. Ова лето на врвот на трендовите ќе бидат целосно белите фустани од лесни материјали кои даваат особено женствен и романтичен изглед.

КАРНЕРИ

Парчињата со карнери и волумен се како создадени за летната сезона. Даваат вистински разигран и ведар изглед.

Прегледи:
673
Објавено на:
13.05.2020