Категории

ФОТО: Инспиративниот модел со Даунов синдром повторно ја освои Њујоршката недела на модата

Медлин Стјуарт продолжува да нижи успеси. 19-годишната девојка со Даунов синдром повторно ја освои Њујоршката недела на модата и дефилираше на ревијата на Art Hearts Fashion.

Претставувајќи креации од колекциите пролет/лето 2017 на американскиот бренд House of Byfield и на дизајнерот Руту Бонсли, познатата Австралијка гордо чекореше на модната писта.

02

03

04

05

06

07

„Ако таа привлекува многу внимание, тоа е прекрасно, бидејќи тогаш можеме да зборуваме со светот за вклучувањето и разновидноста. Од друга страна, ако не привлече многу внимание, таа станува норма. Во секој случај тоа е победа“ – изјавила нејзината мајка Росана.

08

09

10

11

12

13

14

Стјуарт и минатата година беше дел од модната недела во Њујорк и дефилираше за брендот „FTL Moda“.

16

17

Прегледи:
362
Објавено на:
17.09.2016