Категории

(ФОТО) Ирина Шајк во моќна стилска комбинација и за време на пандемија

Ирина Шајк добро знае како да го одвере совршениот стајлинг за секоја прилика

Познатиот модел Ирина Шајк ги почитува сите мерки за заштита, но исто така не се откажува нити од модата. Дури и во овие денови на пандемија таа се труди да изгледа совршено стилизирано, а со последниот моден избор ја оправда титулата за стилска икона.

Фотографирана е на улиците во Њујорк, во стајлинг кој модните критичари го дочекаа со аплауз. „Лежерно и модерно, едноставно пример за сите“ – изјавија тие.

Војничкиот принт беше еден од водечките трендови во текот на зимската сезона, а својата водечка позиција ја задржа и оваа пролет. Наместо маска таа стави шал преку лицето во зелена боја кој совршено се вклопи во нејзиниот стајлинг, што им испрати јасна порака на сите да се придржуваат до мерките за превенција.

 

Прегледи:
528
Објавено на:
16.04.2020