(ФОТО) Кралицата Летисија беспрекорна во најубавиот летен стајлинг

Сопругата на шпанскиот крал Фелипе продолжува да не маѓепсува со своите модни избори

Новата точка на турнеата на шпанскиот крал и кралицата е Мурсија, регион кој кралот Фелипе VI и кралицата Летисија го посетија на својата кралска турнеа.
Кралскиот пар ја посети компанијата Frutas La Carrichosa а медиумите изјавија дека кралицата која е поранешна новинарка имала многу прашања за вработените.
Летисија за оваа прилика одбра доста шармантна комбинација од едноставна бела блуза без ракави додека клучното парче во нејзиниот стајлинг беше миди здолништето со цветен дезен од модната куќа Sweet Matitos. Кралицата ги избра своите омилени еспадрили од марката Macarena кои ова лето ги носи со речиси секој стајлинг.




Коментари

[fbcomments]