(ФОТО) Кралицата Летисија и принцезите Леонор и Софија воодушевија во разиграни летни стајлинзи на кралска должност

Турнеата на шпанското кралско семејство продолжува а кралицата Летисија и принцезите Леонор и Софија избраа модни комбинации кои се идеални за овој период од годината

После повеќе од 20 дена патување по шпанските провинции, на кралот Фелипе VI и кралицата Летисија за прв пат друштво им правеа и ќерките – принцезата Леонор и принцезата Софија кои повторно покажаа дека имаат ист моден вкус како и нивната мајка.

Девојчињата се појавија во Мерида, Екстремадур во кратки летни фустани од еден приступачен шпански бренд кои потсетуваа на модните комбинации кои ги носи кралицата Летисија.

Принцезата Леонор се определи за шик фустанче со цветен принт и розови еспадрили, додека помладата принцеза Софија носеше бело фустанче во везени детали.

Сопругата на шпанскиот крал носеше црн фустан со ѕвезден принц со миди должина од шпанската модна куќа Poete, во комбинација со црни еспадрили од брендот Macarena кои во последно време се нејзиното омилено парче обувки.

 




Коментари

[fbcomments]