Категории

ФОТО: Лила по трет пат во венчаница – најубава досега

Вистинска дама во фантастична венчаница која и прилегаше и повеќе од добро, беше нашата позната водителка Лила Стојановска која носеше модел од новата колекција на модната куќа Елена Лука, во хотелот Александар Палас каде синоќа и официјално беше отворен традиционалниот Саем за венчавки.

Водителката Лила Стојановска има искуство со носење на венчаници. Всушност има две искуства зад себе. Ако претходните два пати тоа го правеше за своите венчавки, во случајов е за промотивни цели на настанот. Каков и да е поводот, секако е убаво да се види Лила во венчаница!

Прегледи:
476
Објавено на:
18.03.2017