Категории

(ФОТО) Моден погодок или модна катастрофа: Џеј Ло во стајлинг кој ги подели мислењата на фановите

Славната пеачка и актерка често не остава без здив со своите модни избори, но овој пат би се рекло дека тотално ја „промаршила“ сезоната

Латино дивата Џенифер Лопез беше забележана подготвувајќи се за патување на аеродромот во Лос Анџелес во придружба на својот сопруг Алекс Родригез.

Таа носеше стајлинг на Chanel кој вклучуваше комплет од здолниште и блејзер во препознатливиот дезен на брендот кој ги искомбинира со Chanel ташна и високи чизми во бела боја. Очигледно е дека таа земала инспирација од ’60-тите и ’70-тите, но сепак доби бројни критики затоа што на повеќе од 30 степени избрала чизми и комплет од материјал кој припаѓа на зимската колекција.

Прегледи:
671
Објавено на:
06.07.2020