Категории

(ФОТО) Модни комбинации во црна боја кои докажуваат дека таа може да биде идеална и во топлите денови

Најновите модни колекции го кршат модното табу дека црната боја е резервирана само за студената сезона

Раскошната и разиграната палета на бои и дезени во модниот свет е синоним за пролетната и летната сезона. Со нагласувањето на вибрантните тонови и впечатливи цветни дезени, колекциите за пролет/лето не изненадија кога е во прашање колористичноста. Покрај силните и пастелни бои, во секоја колекција можеа да се пронајдат и парчиња во неутрални тонови кои ќе бидат есенцијални парчиња во плакарот на сите модни фанатички. Додека белата боја, кремовата и земјените тонови се оние на кои секогаш им се враќаме во топлите денови, црната боја неретко ја оставаме резервирана за студениот дел од годината.

Сепак оваа сезона, нема да можеме да им одолееме и на црните модни комбинации а најновите тренд парчиња покажуваат дека тие можат да бидат идеални и во пролетната и летната сезона.

Прегледи:
474
Објавено на:
24.05.2020