Категории

(ФОТО) Неповторливиот Корај Саргин е совршен господин во реалноста – може ли да не го сакате?!

Актерската екипа од турската хит серија „Изнајмена љубов“ стекна огромна популарност во Европа што претходно ја немаше во својата кариера, а благодарение на одличните улоги.

Секој карактер во серијата е приказна за себе, а еден од омилените, покрај Дефне и Омер секако е духовитиот и размазен фотограф Корај Саргин чија улога ја игра турскиот актер Онур Бујуктопчу.

И на Онур оваа серија му донесе голема слава, но тој за разлика од ликот кој го толкува, е сосема поразличен во реалноста. Наместо широката гардероба со која ги покрија вишокот килограми во улога на Корај, во приватноста Онур е вистински господин, кој преферира елегантна гардероба и стил како Омер.

Впечатливиот Корај има 35 години и живее во Истанбул, а својата прва улога ја има во 2003 година. Оттогаш има снимено десетина серии, но „Изнајмена љубов“  му донесе популарност и надвор од Турција.

Во продолжение погледнете дел од неговите приватни фотографии:

Извор : Вистина.мк

Прегледи:
194
Објавено на:
31.05.2017