Категории

ФОТО: Нежни фризури за романтична вечер

Доколку имате посебна пригода за романтична вечер со вашиот партнер, секако Денот на заљубените е на повидок, убаво е да се потрудите за да изгледате поинаку и соодветно на пригодата. Ова се неколку предлози за романтични фризури, кои можете лесно да ги направите сами.

Прамен по прамен, околу скалпот виткајте и прицврстувајте со шноли. Ова е прекрасна романтична фризура, која за да ја направите пожелно е да не е косата стилизирана, по можност да е бушава или навиткана.

Одлична фризура, а еве и видео водич.

Направете ситни локни и расчешлајте ја косата. Направете длабок патец и фатете ја косата зад едното уше. Украсете со цвет или друг додаток.

Направете плетенки од двете страни, соберете во реп, а потоа разбушавете ја фризурата за подобра текстура.

Правата коса убаво измазнете ја, ставете спеј и прицврстете. Ставете интересна шнола и спремни сте за состанок.

За младешки, бохо изглед, направете повеќе ситни плетенки низ вашата коса.

Изглед како да е излезен од новелите на Шекспир, плетенката круна е едноставна за правење, а изгледа ултра романтично.

Доколку сакате нешто поедноставно, никогаш не може да се згреши со брановидната фризура.

Нема нешто поромантично од несовршеноста. Несмасно собраната коса, со убава шнола, која го отвора вашето лице е одличен потег. Избегнете спеј, гел и други средства, зачувајте ја природната текстура на косата.