(ФОТО) Ова е најкул тренд на стилизирање панталони и сандали

Ова не е тренд за секого, но вие кои ќе се определите за него бидете сигурни дека ќе изгледате како да сте дошле од модна писта

Веќе некое време ова е популарен начин ана стилизирање на панталоните и сандалите помеѓу познатите модни икони.

Овој тренд започна уште во есента, иако тоа не е стилска новост, сандалите со ремчиња околу зглобовите кои ќе ги врзете над панталоните станаа вистински хит и одличен моден трик како да го надградите вашиот стил и да го направите да изгледа префинето и ефектно.

Носењето на oversize женски одела е актуелно веќе неколку сезони,а на овој начин тоа доведе до освежување на овој тренд со еден мал впечатлив детал.

Врзувањето на ремчињата околу панталоните е модно впечатливо, го привлекува вниманието и изгледа естетско и поинакво. Со помош на овој трик ќе внесете потполно нов изглед во секојдневниот стајлинг .




Коментари

[fbcomments]