Категории

ФОТО: Ова се невестата и зетот на Галичка свадба 2018

Месната заедница на Галичник неделава одржа седница со единствена точка на дневен ред.

Членовите на своветот на месец дена пред Галичка свадба 2018 имаа за задача да ги изберат годишеншите зет и невеста кои ќе бидат во центарот на традицијата.

Па така, таа чест годинава им припадна на младите Тања Лепческа и Златко Димовски. Како и секоја година, така и оваа не случајно беа избрании младите.

Имено, двајцата свршеници доставиле писмо до Советот на МЗ Галичник преку кое побараа да ја имаат таа посебна чест и радост да бидат дел од овогодишната Галичка свадба како зет и невеста.

Тања Лепческа е по потекло галичанка и од мала е активна во секоја Галичка свадба како учесник.

Во духот на вековната традиција им е исполнета желбата својата љубов да ја крунисаат во Црквата Свети Петар и Павле со галичка свадба на ден 15 јули 2018 година.

Инаку, неодамна според „Њујорк тајмс“ и светски познатото списание „Нешнл џиографик“, Глачичка свадба беше прогласена за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

Прегледи:
368
Објавено на:
16.06.2018