Категории

ФОТО: По 20 години повторно се собраа актерите од „Беверли Хилс“

Момците од „Бекстрит бојс“, „Ен Синк“, „О таун“ и многу други познати личности од 90-тите години се собраа на настанот „Rewind Convention“ во Чикаго со кој се славеше поп-културата од последните 20 години од минатиот век.

Меѓу присутните беа и актерите кои се прославија со улогите во серијата „Беверли Хилс“, а Тори Спелинг (43) се пофали со фотографија на која е заедно со своите колеги од серијата.

Освен Тори, која во серијата ја глумеше Дона Самер, на настанот се појавиле и Џејсон Присли (Брендон Волш), Лук Пери (Дилан Мекеј), Џени Гарт (Кели Тејлор), Габриел Картерис (Андреа Зукермен), Винсент Јанг (Ноа Хантер) и Кристин Елис (Емили Валентајн).

Поранешните колеги позирале за фотографите, а и зборувале на панелите. Особено ја истакнале важноста на ликот на Шенон Доерти, која ја глумеше Бренда Волш. Шенон не можела да појде на собирот, но била присутна со духот.

– Шенон моментално не е добро бидејќи жестоко се бори со ракот. Не смееме да заборавиме колку таа придонесе во оваа серија која и ден-денес ја сакаме. Никој од нас не би бил тука ако не беше таа – рекол Присли пред собраните.

Лук Пери, кој во серијата го глумеше нејзиното момче Дилан, ги прокоментирал и гласините дека Шенон била невозможна на сетот на серијата.

– Неправедно е обвинета за тие работи, а мене ме сметаат за почетник на тие гласини. Од неа многу научив и беше одлична во она што го работеше – додал Пери.

Многу ѕвезди од серијата не успејаа да ја задржат славата по завршувањето на серијата во 2000 година.

Инаку, на собирот освен Шенон, не се појавиле ниту Иан Зиринг кој го глумеше Стив Сандерс, како ни Брајан Остин Грин, кој го толкуваше ликот на Дејвид Силвер.

Прегледи:
391
Објавено на:
17.11.2016