ФОТО: Погледнете на кои холивудски ѕвезди им е забранета меѓусебната соработка

Некои познати личности едноставно не се предодредени да работат едни со други, а кога продуцентите ќе ги спојат во некој проект, настанува вистински хаос.

Во продолжение, погледнете кои холивудски ѕвезди едноставно не се поднесуваат меѓу себе.

Шарлиз Терон и Том Харди

За Шарлиз Терон, снимањето на филмот “Mad Max: Fury Road” било вистинско мачење бидејќи таа морала да ја “трпи” машката ѕвезда на филмот, Том Харди.

Иако зад камерите тие двајца не се поднесуваат, на филмското платно се одличен пар, а стоички ги издржале и бројните промоции на филмот.

Шенон Доерти и Алиса Милано

Снимајќи ја ТВ серијата “Charmed” пред 10 години, актерките Шенон Доерти и Алиса Милано биле во многу лоши односи. Се зборува и дека Доерти ја напуштила серијата токму поради Алиса, не сакајќи да трпи драматични ситуации.

Но, ситуацијата помеѓу нив се променила во 2015 година кога Шенон заболе од рак на дојката. Алиса ја поддржала и била покрај неа додека таа се борела со болеста, а Доерти ѝ е благодарна за тоа.

Мараја Кери и Ники Минаж

Мараја Кери и Ники Минаж “завојуваа” во 2002 година кога и двете беа судии во емисијата “American Idol”. Ники дури ѝ се заканувала на Мараја дека ќе ја убие, а за целата драма дознал таблоидот “TMZ” кој едвај дочекал да ги открие сочните детали пред јавноста.

За чудо, пејачките останале во истата екипа до крајот на серијалот.




Коментари

коментари