Категории

ФОТО: Полицајци од Албанија маскирани како суперхерои израдуваа деца во болница

Полицајци и специјалци од Албанија вчера имаа навистина специјална задача – да измамат насмевки на лицата на децата кои не можеа да ги напуштат болничките простории за да го прослават Меѓународниот ден на детето.

Маскирани како суперхерои, полицајците со јажиња се спуштија од покривот на здравствената установа и преку прозорците ги поздравија малите пациенти, им поделија подароци и им дадоа беџови со натпис: „Вие сте нашите херои“.

Министерството за внатрешни работи на Албанија на Facebook објави фотографии и видео од прекрасниот настан, на кој присуствуваше и албанскиот министер за внатрешни работи.

ВИДЕО

Погледнете ја галеријата:

Прегледи:
747
Објавено на:
03.06.2016