Категории

(ФОТО) Пролет во знакот на ЖОЛТАТА боја – Бојата на позитивата и оптимизмот

Оваа пролет жолтата боја ќе доминира во модниот свет. Жолтите парчиња ќе внеза позитива и оптимизам во вашето секојдневие

Доза оптимизам на сите би ни дошла добро особено во вакви моменти кога нашите животи комплетно се трансформираа и се концентрираа внатре во нашите домови. Освен што нашата работна рутина целосно се измени, исто така се измени и пролетната гардероба. Наместо возбудливи и раскошни модни трендови какви ни беа најавени за оваа пролет уште минатата сезона, во нашите плакари се истакнаа едноставни и удобни парчиња за домашен комфорт.

Но модниот свет излезе со решение и за вакви мигови, па зошто да не внесете доза на позитива и радост и во вашата секојдневна гардероба додека работите од дома. Оваа пролет ќе биде во знакот на ЖОЛТАТА боја која ќе не развесели и расположи.