(ФОТО) Сите зборуваат за спектакуларно-секси стајлингот на Џенифер Лопез

Џеј Ло повторно го тресе модниот свет

Кожен кафеав фустан и високи чизми над колена во кафеава нијанса? Не се чини баш како многу ласкава комбинација се додека во неа не ја видите Џенифер Лопез.

Латино дивата и нејзиниот вереник Алекс Родригез, беа фотографирани за време на пристигнувањето на деловниот состанок во Беверли Хилс.
Парот на деловниот состанок пристигна во бел кабриолет а кога се упатија кон зградата, блицовите почнаа неуморно да светкаат и да го следат секој нивен чекор.
Се рабира, најголемо внимание привлече нејзиниот феноменален стајлинг, припиен кожен фустан со змиест принт кој ги истакна совршените облини на музичката дива и чизмите над колена со висока пета..




Коментари

[fbcomments]