Категории

ФОТО: За матурата си нарачала прекрасен црвен фустан онлајн, добила евтина копија

Која матурантка не сонува за фустан во кој ќе изгледа како принцеза и кој ќе ја истакне најдобро нејзината фигура? За жал, за една матурантка фустанот од соништата се претворил во најголем кошмар. Наместо луксузниот долг фустан кој го нарачала онлајн, таа добила ефтина копија.

Џулиет Џејкоби се заљубила во долг црвен фустан и посакувала да го има за својата матурска прослава. Но, тој чинел 149 долари, па мајката на 17-годишната девојка одлучила да го побара онлајн. И го пронашла на RoseGal.com, каде чинел само 35 долари. Се разбира, без двоумење го нарачале со ќерка си.

Иако фустанот пристигнал со задоцнување, возбудената тинејџерка со нетрпение очекувала да го проба. Она што го видела, ја запрепастило.

„Кога го отворив пакетот, останав со отворена уста и бев шокирана колку грд беше фустанот. Пцуев малку и бев збунета дека воопшто не наликуваше на сликата која ја видов. Ѝ го покажав преку интернет на пријателка и таа прсна во смеење поради тоа што беше толку грд“ – рекла разочараната матурантка, која споделила фотографии на Twitter.

1 2