Категории

(ФОТО) Земјата на живописни пејзажи и необична традиција: Ве водиме во МАРОКО

Мароко е земјата на силните мириси и вкусови, живописните бои и предели кои го одземаат здивот

Со оглед на тоа што моменталната ситуација не ни дозволува да ја напуштиме земјата, ви подготвивме мало виртуелно патување низ Мароко. Предели кои ќе ве остават без здив и ќе ве натераат да ја ставите оваа магична земја на листата на места за посетување.

-Мароко е одделен од Европа само 13 километри.

-Еден Марокански император имал харем од 500 жени и рекорден број деца. Имал дури 1,042.

-Целосното арапско име на Мароко може да се преведе како Западно Кралство.

-Главен град на Мароко е Рабат додека валута е Марокански дирхам.

-Тука се смета за непристојно земањето на храна со лева рака, како и одбивањето на месо доколку е понудено.

-Казабланка е најголемиот град во Мароко како и главното пристаниште. Се смета за економска престолнина на Мароко.

-Еден од зборовите кои се користат за пари е ‘вусакх д-дунја’ што во буквален превод значи гласотијата на светот.

-Најдоброто место за купување сувенири во Мароко е Маракеш.

-Оваа земја е најголемиот светски извозник на сардина.

-Мароко добил независност од Франција во 1956 год.

-Џамијата Хасан II во Казабланка е седмата најголема џамија во светот. Изградена е за пет години а ја граделе повеќе од 30,000 луѓе.

-Официјален јазик во Мароко е арапскиот. Меѓутоа, берберскиот и францускиот исто така се широко распространети.

-Црниот дроб, а не срцето, се смета за симбол на љубовта во Мароко.

-Арапите и Берберите се најбројните жители во Мароко, а има и Евреи и други народи.

-Во Мароко има само еден регистриран стоматолог на 8,000 жители, а најчесто лечење е вадењето на заби што и без проблем може да се изврши и на „црно“.

-Во 859 год. во Фес е основан универзитетот Ал Карауни кој спрема Гинисовата книга е најстариот универзитет во светот.

-Мароко е единствената афричка земја која не е членка на Афричката унија.

-Главните ресурси на економија во Мароко се јагленот, земјоделството и експлоатацијата на фосфор.

-Најпознатиот спорт е фудбалот а репрезентацијата носи прекар „Лавови на Атласот“.

-Мароканската кујна е мешавина од европската и афричката кујна, поради својата локација помеѓу Европа и Африка.

-Во Маракеш, кој често се нарекува и Црвениот Град, заштита од сонцето е стално потребна, дури и во зима.

-Мароко е 12-тата најбогата земја во Африка.

-Националното јадење се нарекува Сексоу.

-Голем дел од мароканците јадат храна направена од пченица и јачмен.

Прегледи:
780
Објавено на:
02.04.2020