Категории

ФОТО: Згоден готвач од Перу освојува женски срца

Интернет корисниците „одлучија“ – најзгодниот готвач на светот е Франко Нориега.

Мускулестиот Перуанец привлекува огромно внимание не само на социјалните мрежи, туку и во реалниот свет со своите кулинарски вештини. Франко е поранешен модел и пливач, кој поседува три ресторани за перуански специјалитети – два во Перу со кои раководи неговото семејство и еден во Њујорк.

27-годишниот зависник од здрава храна се преселил во Њујорк во 2007 година, кога бил откриен од врвниот фотограф Марио Тестино. Оттогаш има снимено кампањи за врвни модни брендови како Dolce & Gabbana и Louis Vuitton и има дефилирано на бројни ревии.

Сепак, главна страст на Франко останува готвењето. Погледнете зошто Нориега е нарекуван „најзгоден готвач на светот“:

1 2

Прегледи:
778
Објавено на:
01.07.2016