Категории

(ФОТО) Ѕвездата од серијата “Game of Thrones” – Софи Тарнер го покажа трудничкото стомаче на прошетка со сопругот Џо Џонас

Софи Тарнер ги изненади своите фанови покажувајќи го трудничкото стомаче за време на прошетка со сопругот Џо Џонас откако со месеци не одговараше на гласините

Ѕвездата од серијата “Игра на Тронови” – Софи Тарнер (24) беше забележана во шопинг и прошетка со сопругот, Џо Џонас во Лос Анџелес.
Актерката го истакна трудничкото стомаче конечно потврдувајќи ги шпекулациите за нејзината бременост за кои се шушкаше со месеци додека најчесто беше забележана како носи широка облека која ја сокрива нејзината фигура.

Парот постојано е забележан како одржува максимални мерки за заштита од коронавирусот, носејќи заштитни маски.

Софи и Џо се венчаа мај минатата година во Лас Вегас.

Прегледи:
211
Објавено на:
18.06.2020