Категории

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАЈГОЛЕМИОТ OPEN AIR КОНЦЕРТ ВО ЕВРОПА ОД ПОЧЕТОК НА МАРТ ДО ДЕНЕС!

Вчера бевме сведоци на фантастичен концерт на стадионот на АРМ во Скопје, единствен од ваков вид во Европа од почетокот на пандемијата до денес, каде живата легенда Бајага заедно со “Инструктори” ги разбуди емоциите на сите присутни во публика со големите хитови од нивната 35 годишна кариера.

Особено радува податокот што вчера имаше и голем број на фанови коишто ја следат од почеток кариерата на бендот и немаат пропуштено ниту еден концерт, а од истите ни пристигнаа бројни пораки дека овој концерт е “најдобриот од сите на Бајага и Инструктори”.
Посебно доживување беа новите аранжмани на песните изведени од хористите на “Св. Злата Мегленска” и МОБ, солистката Наде Талевска и гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија, под диригентство на Маестро Војкан Борисављевиќ.
“Noć je kratko trajala, a nama je trebala, najduža na svetu…”

 

БАЈАГА И ИНСТРУКТОРИ- СКОПЈЕ, 13.09.2020
ФОТОГАЛЕРИЈА ОД НАЈГОЛЕМИОТ OPEN AIR КОНЦЕРТ ВО ЕВРОПА ОД ПОЧЕТОК НА МАРТ ДО…

Posted by Avalon Produkcija on Monday, September 14, 2020