Категории

Фотогенично семејство кое стана хит: Мајка и татко дефилираа со двете деца на ревијата на Долче и Габана

Долче и Габана веќе неколку сезони го ставаат фокусот на семејството и создаваат складни креации за модерни мајки и ќерки и татковци и синови.

На неодамнешната ревија во Милано, дизајнерското дуо покани да дефилираат мајки со ќерки, заљубени парови, татковци со синови, блогерки, it-девојки… Меѓу нив огромно внимание привлече атрактивно семејство.

Џејсон и Аманда Харви ја отворија ревијата со малите дечиња Ноа и Роуз и веднаш освоија многу срца.

Аманда по професија е модел, додека Џејсон е дизајнер.

Семејството привлече најмногу комплименти за хипнотизирачките очи.

 

Прегледи:
7