Фотограф ги отстранил телефоните од фотографиите, прикажувајќи ја тажната реалност на нашето секојдневие

Дали ја читате оваа статија од вашиот телефон? Најверојатно е така. Сега, замислете како би изгледале доколку вашиот телефон одеднаш исчезне. Осамено? Малку налудничаво? Заглавени сме во телефоните разгледувајќи што има ново по социјалните мрежи, губејќи чувство за време и простор , без разлика дали сме сами или во друштво на семејството и пријателите, позата гледајќи во телефонот веќе станува нормална и секојдневна.

Американскиот фотограф Ерик Пикерсгил го создаде проектот „Removed“ (остранување) со серија од фотографии кои не потсетуваат колку чудно изгледаме всушност со телефоните во рака. Во секој портрет, електронскиот уред е отстранет од луѓето кои го користеле во реалната верзија, ставајќи ја во фокус тажната реалност која подразбира игнорирање на прекрасните работи кои нѐ опкружуваат и можностите за поврзување со луѓето околу нас. Резултатите се поразителни и тажни, па можеби овој проект ќе нѐ натера барем да ја намалиме нашата употреба на телефони и да обрнеме внимание на светот околу нас.




Коментари

коментари