Категории

Фотограф изградил минијатурно село за глувци во својот двор

Фотографот Сајмон Дел создаде минијатурно село за глувци во неговиот двор. Куќите ги градел од дрво, а инспирација му биле сценографијата од филмовите Господар на прстените и Хобит.

Идејата му дошла, вели тој, кога еден ден, седејќи во дворот, забележал глушец. Веќе следниот ден, тој започнал да гради куќа за глувци. Еден ден отишол да го нахрани глушецот и забележал дека во куќарката дошло друштво. Фотографот сфатил дека куќата е премногу мала за двајцата, па започнал да додава соби. Секој ден стоеле пред вратата чекајќи го да им донесе појадок. Семејството на глувци наскоро се прошири – тие добија бебе. Фотографот создаде веб-страница посветена на глушец по име Џорџ, а исто така е активен на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Инстаграм, каде ги споделува авантурите на глувците во неговиот двор.

Прегледи:
295
Објавено на:
23.05.2021