Фотографии кои ја прикажуваат разликата во изгледот на жените пред и откако станале мајки!

Една од најголемите животни одговорности ја добиваш кога ќе станеш родител. Литванката Ваида на посебен начин почувствувала потреба да им се заблагодари на мајките во светот, креирајќи посебна серија од фотографија насловена како „Becoming A Mother“. Тоа е проект кој треба да прикаже како пораѓањето ја менува жената. Ваида фотографирала 33 жени пред и откако го родиле првото дете, а најмногу се фокусирала на нивните очи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vaida Markeviciute (@vaida_markeviciute) on

„За овој проект избрав еден многу едноставен формат, како за слика за пасош. Сакав да го нагласам погледот на моделите и да одземам сѐ останато. Мајчинството е силно искуство исполнето со радост, болка, исцрпеност и љубов. Кога жената ќе стане мајка, навистина чувствува внатрешна енергија, интуицијата станува посилна, а нејзината мудрост достигнува нови нивоа“, објаснува Ваида.

И таа самата поминала низ тие промени.

„Пред да го родам првото дете, мојата идеја за мајчинството беше сосема поинаква. Да бидам искрена, немав мајчински инстинкт кога го земав прв пат во раце. Сѐ научив потоа, вклучувајќи го и игнорирањето на онаа изрека дека постарите знаат сѐ“ вели фотографката.

Таа е многу благодарна на сите жени кои учествувале во проектот, особено поради големото трпение. Вкупно 33 жени застанале пред апаратот кои родиле 36 деца, вклучувајќи и близнаци. Вкупно – 20 момчиња и 16 девојчиња, од кои некои веќе го прославиле првиот роденден.

Суштината на фотографиите пред и потоа останува иста. Ќе забележите дека очите на жените се некако поинакви, а насмевките малку пошироки и помеки.




Коментари

коментари