Категории

Фотографии од луксузен, напуштен замок кој бил изграден пред 119 години!

Историјата на Laurens замокот е неверојатна на многу начини. Од самиот негов изглед, се чини како да е излезен од хорор анимиран филм.

Сопственикот на замокот, Emmanuel Laurens, бил роден во 1873 година. Тој бил син на богата фамилија и сакал да патува. Додека се шетал низ светот, наследил огромно богатство од далечен роднина и од татко му, кои починале во истата година. На само 24 години, тој бил оставен со многу пари во своите раце, како и со плац во францускиот град Agdes.

Иако не бил архитект, ни па имал работено нешто во својот живот, Емануел самиот си ги нацртал плановите за идната вила, инспирирајќи се од art nouveau движењето.

Сакал замокот да е ремек дело, парче уметност само по себе, каде архитектурата, пејзажот, мебелот и уметноста на живеењето ќе бидат споени во едно прекрасно дело.

Секоја соба е поврзана со едно од неговите патешествија (Јапонски ходник, Италијански трем итн). Уметници кои твореле во Art Nouveaou стилот  му ги цртале ѕидовите и ја декорирале вилата.

Во 1920, се оженил со оперската пејачка Louise Blot. За да го прослават нивниот брак, изградил музички дел во замокот, кој бил огромен, како капела, каде што Louise можела да пее и да го плени целиот замок со гласот.

Емануел живеел луксузен живот со семејството и пријателите наредните неколку децении. Организирал многу забави во вилата, но нажалост, скапиот начин на живот и опасните инвестиции му го скратиле богатството. Тој морал да го продаде замокот во  1938. Тој, жена му и мајка му, останале да живеат оскудно, во отцепен дел од вилата, каде што порано живееле вработените.

Во текот на втората светска војна, замокот бил окупиран од страна на Нацистичката армија, и Емануел рекол дека побрзо би ги фрлил убавите мебели и  скапи работи во езерото, отколку да им ги предаде на нацистите. Бил зависен од опиум и полека почнал да го губи здравиот разум. Сопругата починала во 1954, а тој во 1959, додека живеел на улиците.

Прегледи:
57
Категории:
Галерија