Категории

“Freelancer to Founder” приказни во Среќа бар!

Чест ни е да најавиме дека Среќа бар повторно ќе биде домаќин на еден интересен настан. “Freelancer to Founder” е настан организиран од Startup Macedoniа и Impact Foundation поддржани од RECONOMY програмата.

На овој настан двајца основачи на компании ќе зборуваат за нивниот бизнис и ќе ги инспирираат другите да развијат свој бизнис. Двајцата основачи кои ќе зборуваат се:

Славе Ангелов – основач на Fliprise дизајн и контент агенција за Амазон услуги и Lista, нова веб апликација за автоматско бесплатно креирање на високо-конвертирачки продукт слики.

Николина Цветановска – ко-основач на Monday и Monday Learning. Monday e дигитална маркетинг агенција која во рамки на своите услуги организира и едукативни тренинг програми за индивидуалци и компании.

На 16.11 ве чекаме во Среќа бар на “Freelance to Founder” од 18 часот.
Регистрирајте го вашето присуство токму тука на овој линк.
Дознајте повеќе на Facebook настанот.
Прегледи:
72
Објавено на:
15.11.2022