Фреквенцијата 432Hz ги прочистува енергетските протоци во вашето тело: Секоја клетка апсорбира позитивни вибрации

Фреквенција која ја прочистува енергијата и нè ослободува од негативноста во телото, умот и срцето! Затворете ги очите и слушајте го прекрасниот природен звук …

Смирувачка, охрабрувачка мелодија полна со позитивни вибрации ги чисти енергетските токови во вашиот ум, срце и тело.

Најелементарната состојба на вибрациите е звукот. Сè има оптимален опсег на вибрации (фреквенции), а нивната брзина се нарекува резонанца.

Кога сме во резонанца, балансирани сме. Секој орган и секоја клетка во нашето драгоцено тело апсорбира и испушта звук со посебна оптимална резонантна фреквенција.

Музиката на фреквенцијата 432Hz создава резонанца во нашиот физички, ментален, емоционален и духовен опсег.

Резонанците во нашето тело ги ослободуваат емотивните блокади и ја прошируваат нашата свест. 432Hz овозможува зајакнување на мудроста, употреба на интелигенција и нашата душа.

Слушајќи ја оваа фреквенција, вие работите на единство со Универзумот. Станувате почувствителни, резонирајќи ја љубовта и внатрешниот мир.

Додека ја слушате оваа магична мелодија, затворете ги очите и обидете се да се ослободите од негативните мисли и емоции. Нека ве исполни светлината на позитивната енергија.

 

Кога ги креваме вибрациите, помагаме и да се засилат колективните добри вибрации на прекрасната планета Земја.

 

„ТОА ШТО ГО САКАТЕ – ТОА ВЕ САКА И ВАС“ (РУМИ)




Коментари

[fbcomments]