Фризерите го најавија новиот хит на боја на коса: Тренд со кој ќе бидете вистинска заводничка!

Летото само што не пристигна, а со него е време за забавна боја на коса. Една од најпопуларните за оваа година е бојата на вино, која според мислењето на познатите фризери, одлично им прилега на сите и не е нападна како силно црвените нијанси кои беа популарни неколку години за ред.

Оваа боја на коса е совршена можност да зачекорите надвор од својата зона на комфор и на некое време, или пак трајно, да го напуштите светот на бринети и плавуши.

Уште една предност на оваа боја е тоа што е лесна за одржување, па корекциите на косата во боја на вино ќе треба да ги правите само еднаш годишно.




Коментари

коментари