Видео: Фрлањето храна е фрлање пари, буквално!

Дали некогаш сте се запрашале колку всушност пари трошите на храна? И тоа не само на храната која што ја јадете во рестораните, туку и на намирниците кои што сте ги купиле за дома.

Токму за да се подигне свеста за тоа колку всушност пари трошиме на храна која што на крајот ја фрламе, осмислена е нова кампања – “Фрлање храна = фрлање пари”.

Поголемиот дел од луѓето кога ќе заминат во ресторан на вечера, оставаат и дел од храната во чинијата. А таа храна се фрла, и тоа автоматски значи дека и вашите пари завршуваат во најблискиот контејнер.

Токму затоа, ако не можете да ја изедете вашата порција, споделете ја. Не фрлајте храна, бидејќи на тој начин ги фрлате и вашите пари…

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=VGTPKKOVoz4[/tube]




Коментари

коментари