Категории

FUNK SHUI LIVE AT MKC! Прв соло концерт на 29.03.2019

Со големо задоволство Авалон Продукција го најавуваат следниот значаен концертен проект. Нивните „деца“ FUNK SHUI конечно ќе го имаат својот прв соло концерт на 29-ти март во МКЦ (Дансинг сала)!

„Пред фактите и боговите молчат, а за Funk Shui доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“, а ако се земат в предвид нивните фуриозни настапи, веруваме дека салата во МКЦ ќе биде исполнета до последно место“, велат од Авалон.

Билетите за концертот на Funk Shui се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот- 400 денари.

Побрзајте и набавете ги вашите влезници навреме!