Категории

Funk Shui x Alek Soltirov – Meteori Interstelar Remix

Фанк звуците од два различни света почнуваат да се спојуваат. Заемната почит помеѓу постојаниот скопски диџеј Алек Солтиров и динамичните Фанк Шуи е изразена преку хаус ремикс од страна на Солтиров. Синглот ,,Метеори” е преработен во фанки-хаус верзија, што ја отвара оригиналната песна на еден тотално поинаков начин.

Заеднички пробивајќи се на домашната и странската музичка сцена, патот на Фанк Шуи е сличен со тој на Алек Солтиров.
Трпеливо и постепено низ последниве 10 години музичарите си го имаат развивано и надоградувано звукот, достигнувајќи истовремено височини како ретко кој друг. Солтиров низ годините уживал поддршка и признание од бројни светски хаус имиња како Joey Negro, Mark Farina и DJ Sneak. Издавачки куќи ширум светот исто така го имаат препознаено талентот на Алек Солтиров, од Salted Music и Fogbank Recordings до Mind Medicine и Nervous Records меѓу останатите. Истовремено, зимско-пролетната балканска турнеја на Фанк Шуи го одбележа нивното претставување пред странска публика со голем број позитивни критики. Како
ексклузивци на најголемата продуцентска куќа Авалон бендот го издаде EP-то ,,Импулс”, како и настапувано рамо до рамо со музичари како Morcheeba, SARS и Roisin Murphy (Moloko). Двете резимиња се несомнено богати и соодветно ги претставуваат способностите и репутацијата на овие перпсективни македонски музичари.

Песната може да ја спуштите од тука.

Прегледи:
744
Категории:
Шоу-бизнис
Објавено на:
07.08.2020