Категории

Фустани на преклоп – неодоливо летно парче

Ретро моделите на фустани со преклопување и врзување се еден од новите актуелни трендови кои ќе царуваат ова лето.

Долгите макси модели се совршено елегантни и женствени, тие се одличен избор за дневни прошетки а и за вечерни гламурозни свечености, уште една одлична предност е тоа што го истакнуваат струкот и ги прикриваат недостатоците на телото.

Ги има во најразлични бои, дезени и варијанти. Цветните модели можрте да ги носите за на плажа или преку ден со гламурозен шешир, сандали и патики, додека за вечерни излегувања особено актуелни се оние од сатен во комбинација со високи потпетици.