Категории

Футуристичката мода е хит кај познатите: Дали ви се допаѓа?

Славните ѕвезди како да ги изгустирале сите модни трендови, па се вртат кон футуристичката мода. А сѐ започна од појавувањето на Ким Кардашијан на Мет Гала, облечена во црна креација од глава до пети.

Музичката ѕвезда Карди Би се појави заедно со сопругот во креација која потсетува на пчела. Карди Би на главата имаше чудни златни очила/капа/маска која и ги покриваше главата и лицето.

Ирина Шајк се појави на црвениот тепих во Париз носејќи фустан во облик на пеперутка кој ги исцртуваше нејзините облини. Оваа необична футуристичка креација беше толку доминантна, што Ирина Шајк се одлучи да не носи речиси воопшто шминка.

Прегледи:
223
Објавено на:
30.09.2021