Галоски испишува историја за електронската музичка сцена во земјава

Еден од најуспешните македонски диџеи ГАЛОСКИ кој периодов имаше евроазиска турнеја, месецов на 15ти Јуни настапува на Ultra Music Festival во Сингапур, на еден од најреномираните музички фестивали за електронска музика во светот.

Со веќе потврден настап Галоски испишува историја за електронската и целокупната домашна музичка сцена, како единствен артист со настап на фестивал кој со години наназад е одликуван како најуспешен интернационален фестивал за електронска музика.

Ова не е првпат нашиот диџеј и продуцент да направи значајни успеси, наназад го паметиме како прв македонски диџеј со хит на неделата на Global Warm-up радио емисијата на BBC 1 Radio, прв македонски диџеј со поддршка од великаните во денс индустријата како David Guetta, Avicii, Hardwell, Afrojack, Armin van Buuren, како и многу успешни изданија на врвни издавачки куќи ширум светот.

Македонија ќе има можност да го слуша Галоски на 21ви Јуни на АРМ стадионот на претстојниот Скопје Колинг фестивал каде што ќе настапи заедно со најпознатото светско диџејско дуо Axwell /\ Ingrosso.




Коментари

коментари