Категории

Геј пар присвои девојче со ХИВ кое претходно го одбија десет семејства

Семејството е повеќе од само крв, а приказната за геј парот Дамиан Пигин (42) и Ариел Вихара (39) и нивните две ќерки Оливија и Викторија е совршен пример за тоа.

Дамиан и Ариел се првиот геј пар кој се венчал во северноисточната провинција на Аргентина, Санта Фе каде и понатаму живеат.

Во 2011 година тие одлучиле да го прошират своето семејство и да станат членови на невладина организација под името Acunar Familias која помага во присвојувањето на непосакуваните деца.

Дамиан и Ариел го присвоиле девојчето Оливиа која имала помалку од месец дена.
Претходно ова девојче било одбиено од десет семејства поради тоа што било родено со ХИВ.
Дамиан и Ариел претходно поминале три месеци во исчекување на овој повик.

Се предвидува дека бебињата кои се дијагностицирани со овој вирус живеат само 10 години, но со напредок на технологијата и истражувањата денес овие деца можат да живеат и неколку децении, па дури и колку луѓето кои не се заразени. Притоа не значи дека вирусот ќе се пренесе и на другите.

„Штом ја видов, почувствував дека таа е дел од мојот живот. Веднаш се поврзавме. Ја држевме во прегратка, и дававме шишенце а таа не гледаше со широко отворени очи и не плачеше.“, раскажува Ариел.

За среќа, бебето набрзо почна да прима терапија и да покажува позитивни резултати. Веднаш почнала да добива и на тежина. Пред неколку години, родителите добија и добри вести – тестовите покажале дека вирусот веќе не постои во телото на Оливија.
Сега кога има пет години, Оливија не покажува никакви знаци на заболувањето. Иако и понатаму не постои лек за ХИВ, терапијата може значително да ја намали количината на вирусот во телото до таа мерка што не може да се открие во крвта. Со тоа девојчето веќе нема да страда од непосакуваните влијанија на вирусот и не може да го пренесе на други.

Во 2015 година ова семејство се зголеми за уште еден член, кога една жена која слушнала за оваа приказна на парот посакала тие да го присвојат и нејзиното девојче, што истото и го направиле. Семејството набрзо му посакало добредојде и на малата Викторија.

Прегледи:
202
Објавено на:
04.06.2020