Категории

Генијален „паметен часовник“ се напојува од топлината на телото, па никогаш не треба да се полни

Живееме во доба каде сме зависни од телефоните, таблетите, компјутерите, а наспроти тоа се соочуваме со бројните апликации, трошењето батерија и постојаното полнење.

Кога станува збор за паметните часовници, полнењето е покомплицирано, треба да го извадиш часовникот од рака за да го ставиш на полнач. На ваквите компликации решение нашле Matrix Industries креирајќи го PowerWatch – часовник кој се полни од телесната температура.

6powerwatchbodyheat

Што се прави овој паметен часовник? Брои потрошени калории, мониторира активности и фитнес, дури и спиењето. Може безжично да биде синхронизиран со телефон преку апликацијата Matrix и за Иос и Андроид корисниците.

3powerwatchbodyheat

Составен е од високо квалитетен алуминиум, водоотпорен и исклучитено издржлив. Но како се полни овој паметен часовник? Одговорот е едноставен – термоелектричен генератор, што е уред кој претвора топлина во енергија. Со цел да го стори тоа, агрегатот мора да задржи две температури: висока температура и ниска топлина, всушност часовник е совршен кандидат за ова, страната која е во контакт со кожата останува топла, а неговата површина останува ладна.

Со учество од 170 долари уплатени сега, може да го добите овој часовник преку Indiegogo. Планирано е да излезе на пазарот до јули 2017 година.

2powerwatchbodyheat  4powerwatchbodyheat  8powerwatchbodyheat