Категории

Генијален трик: Како да пиете, а да не се напиете цела вечер

Секако дека ситуациите во кои излегуваме на пијачка со цел да се напиеме не се чести, ниту пак препорачливи, но некогаш едноставно се случуваат.

Таквите ситуации може брзо да станат доста непријатни (а понекогаш и опасни), затоа пред следно излегување со пријателите или одење на свадба или пак прослава пробајте да се послужите со овој трик.

Доколку немате висока толеранција на алкохол, вашиот сојузник за помош може да биде квасецот!

Се што треба да сторите е пред излегување да се напиете од оваа смеса: една лажичка активен квасец за секое пиво, што планирате да го испиете, а понекогаш дури е полесно и поефикасно да се измеша со јогурт, поради полесна консумација.

Активниот сув квасец има ензим кој може да ги раствори молекулите на алкохолот на јаглерод, водород и воздух. Тоа е истиот процес што се случува во црниот дроб кога тој го обработува алкохолот.

Кога алкохолот ќе се сретне со ензимот во стомакот процесот на разградување веќе почнува, па работата на црниот дроб е олеснета. Доколку во стомакот го имаме истиот ензим, кога во него ќе стигне алкохолот, овој ензим ќе почне да го разградува пред да стигне во крвотокот и мозокот. Но, ова само ќе го ублажи неговиот ефект и нема потполно да го елиминира.

Прегледи:
95
Објавено на:
23.09.2016