Генијални трикови за кои ви е потребна само пластична фолија

Самолепливата фолија е корисна за многу нешта, а не само за замотување на храна. Таа може да ви помогне и при селење, одржување на кујната и борбата против здодевните инсекти. Погледнете ги следниве трикови кои сигурно ќе ви бидат корисни.

Направете замка за мушичките

За да се ослободите од здодевните мушички, направете ја оваа едноставна замка. Ставете исечкано овошје во чаша, прекријте го со самолеплива фолија и на неа направете мали дупчиња. Привлечени од слаткиот мирис на овошјето, мушичките ќе влезат низ дупчињата на чашата, но нема да можат да излезат.

Отпушување на ВЦ шолја

Со помош на самолеплива фолија, можете да отпушите ВЦ шолја. Измотајте пластична фолија околу шолјата, а ивиците залепете ги со леплива трака. Потоа пуштете вода (фолијата би требало да се надуе). Потоа, гурнете ја фолијата неколку пати. Акумулираниот воздух под неа ќе го потисне запушениот дел во канализацијата.

Влегување во домот без да ги соблечете чевлите

Некои луѓе сметаат дека фолијата треба да ја чувате и во ходникот за да можете да влезете повторно дома кога веќе сте ги облекле чевлите. Без разлика што овој совет функционира, но сепак е апсурде и неудобен. Зарем не е полесно да ги соблечете чевлите наместо да ги замотат во фолија?




Коментари

[fbcomments]