Генијални трикови за отстранување на сите дамки

Ужасните моменти кога ќе го извалкате омилениот фустан со мастило или пак кога на белиот тепих ќе истурите црвено вино, верувајте не се крај на светот. Секогаш се наоѓа некој трик кој ќе не спаси во кризни ситуации.

13-stubborn-stains-and-how-to-remove-them-7-size-3

 

На дамката од црвено вино истурете бело вино, а потоа ставете дебел слој направен од паста од сода бикарбона. Оставете да отстои неколку часа и потоа перете како и вообичаено.

2e0b532900000578-3300462-to_remove_red_wine_stains_use_the_classic_salt_baking_soda_and_c-a-1_1446538326204

Белите дамки од дезедоранс , полека исчеткајте го местото каде што се наоѓа дамката со многу нежно сунѓерче, а доколку имате дамка од масло на кожа, на пример на омилената чанта, кожна јакна или чевли, ставете пудра за бебиња на дамката и оставете да стои преку ноќ. До утрото дамката треба да исчезне, но доколку се уште има видливи траги, тогаш повторете го процесот.

shutterstock_31297294

За дамки од масло на другите материјали можете да користите најобичен детергент за миење садови, а доколку имате дамка од восок, залепен на облеката, земете мрсна хартија за печење и ставете ја врз местото каде што се наоѓа восокот. Потоа поминете го местотo со пегла, тргнете ја хартијата, а восокот ќе биде залепен на неа.

За да го исчистите валканиот велур, отстранете ја кората од парче леб и оставете да се исуши. Потоа нешто тријте со парчето леб врз валканите места на велурот. Откако дамките ќе исчезнат, поминете го велурот со гума за бришење за да ги отстраните трошките.

За да отстраните дамки од кармин користете спреј за коса.

lipstick-stains

Доколку ви се скрши руменило, сенка или камена пудра во чантата, правот од нив можете да го соберете со влажни марамчиња за отстранување шминка.

За да ги отстраните дамките од течна шминка (туш, римел) од облеката можете да користите пена за бричење.

За да ги отстраните дамките од вода на кожа, ставете малку оцет во сад со ладна вода, а потоа нежно четкајте го местото каде што има дамки, се додека не исчезнат. Оставете да се исушат некое време.

За го вратите сјајот на лакована кожа, употребете средство за чистење прозорци.

christianlouboutin-decollete554-3120836_bk01_1_1200x1200_1477575501

Истуривте кафе или чај? Во млака вода ставете малку глицерин, а потоа нежно четкајте со сунѓерче.

Доколку имате дамки од пот на маиците, ставете лимонов сок на дамките пред да ги ставите на перење. Природната лимонска киселина ќе ја раствори алкалната пот која ги прави жолтите дамки.

remove-all-types-of-stains

За да отстраните дамки од мастило од памучен материјал, нежно втријте алкохол на дамката, а потоа исплакнете. Доколку имате ваква дамка на полиестер, испрскајте лак за коса, а потоа тапкајте со сува крпа врз дамката.

Дамките од боја за коса на облеката, можете да ги исчистите со раствор од оцет и детергент за перење алишта, кој ќе го втриете во дамката најмалку 45 минути пред облеката да ја ставите на перење.

За да ги исчистите зелените дамки од трева, во сад со млака вода растворете оцет и четкајте ја дамката.




Коментари

[fbcomments]