Категории

Гест на полицаецот кој го трогна целиот свет: Фатил жена додека краде, а потоа го направил ова!

Семејството на Хелен не јаделе ништо цели два дена поради доцнење на социјалната помош, па од очај во продавницата украла 5 јајца, но за среќа наишла на хуман полицаец.

Полицаецот Вилијам Стејси покажал навистина невообичаено разбирање за сиромашната Хелен Џонсон, која ја фатил додека краде. Неговиот гест се проширил низ социјалните мрежи допирајќи до милиони луше ширум светот!

Имено, Хелен Џонсон е мајка и баба, која украла кутија јајца само за да го прехрани своето семејство бидејќи немале што да јадат. Наместо да ја уапси за кражба, Стејси и ја купил кутијата јајца и ја пратил дома со предупредување!

Меѓутоа, тоа не е сѐ – неколку денови подоцна, полицаецот со помош на колегите организирале да и се однесат два камиони полни со намирници на жената на домашна адреса!

„Последен пат кога мојата куќа беше вака полна имав 12 години и живеев со баба ми. Цел ден сум во солзи“, рекла вчудоневидената 47-годишна Хелен.

Таа објаснила дека никогаш не и паднало напамет да украде било што, но нејзиното семејство не добило социјална помош овој месец, па била приморана да се снајде на овој начин.

До моментот на кражбата немале ништо јадено веќе два дена, а и недостасувале само 50 центи за да купи јајца, па од очај украла 5 јајца.

„Понекогаш најдобро е да не уапсите некого. Се надевам дека нема повеќе да краде. Се молам да биде така и верувам дека ќе биде така“ – рекол необичниот полицаец Вилијам Стејси.

Прегледи:
460
Објавено на:
23.08.2019