Ѓевреци кои ќе ја збогатат вашата велигденска трпеза (РЕЦЕПТ)

Велигден е голем христијански празник кој наскоро ќе го слават верниците. Овие ѓевреци совршено се вклопуваат и ја збогатуваат велигденската трпеза, а нивната подготовка не е воопшто тешка.

Потребни состојки:

  • 200 мл. млеко
  • 20 гр. квасец
  • 500 гр. брашно
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер

За премачкување:

  • 2 лажици мед
  • 100 мл. млака вода
  • 200 гр. сусам

Начин на подготовка:

1. Разматете го квасецот во млака вода со шеќер и 1 лажичка брашно и оставете да надојде. Кога квасецот ќе надојде замесете меко тесто со брашно, сол и квасецот.
2. Премачкајте го тестото со масло за готвење и оставете го да се одмори и да се дуплира.
3. Во чинија разматете мед со малку млака вода. Надојденото тесто премесете го, па поделете го на 8 еднакви делови.
4. Секој дел развлечете го во долга трака. Добиената трака превиткајте ја на половина и уплетете ги краевите.
5. Потоа убаво спојте ги со рацете, да се добие форма на ѓеврек.
6. На кратко ставете го секој ѓѓѓеврек во течноста од мед и вода, па посипете пржен сусам. Редете во плех обложен со хартија за готвење.
7. Оставете уште малку да отстојат додека рерната не се загрее. Печете на 200 степени 15-20 минути.

Пријатен апетит!




Коментари

коментари