Ги користи усните како платно и создава уметност која го воодушевува интернетот

Уметникот зад овие неверојатно исцртани усни е Андреа, @girlgreybeauty која има преку 364,000 следачи на Instagram кои се воодушевуваат на нејзините совршено исцтани усни.

Еден до два часа трае создавањето на овие уникатни усни, а раскажува за Insider дека мора постојано да ја држи устата отворена за да не и се расипе шминката.

Употребувајќи минијатурни четки и кармини и бои со мат финиш, таа создава деликатни дизајни, а се инспирира од природата, познати уметнички дела, најразлични текстури, а дури и нејзината мачка. Вели дека секогаш ја сакала уметноста и се изразува на различни начини, но од 2014 година започнала со креативната шминка, а тоа и ја прослави и и донесе илјадници следачи.

Погледнете што е тоа што ја прави Андреа толку популарна.

 

 




Коментари

коментари