Ги зајакнуваат коските, тие се одличен диуретик, го подобруваат варењето на храната: Еве зошто треба да јадете кајсии

Кајсиите – имаат корисен ефект врз срцевите заболувања, а се добри и за одбрана на организмот од инфекција, зајакнување на забите и коските, подобрување на видот и обнова на ткивата.

Кајсијата потсетува на мала праска, еден и пол до два и пол сантиметри во дијаметар, жолта до портокалова боја, понекогаш црвена од страната изложена на сонце. Хранливата вредност и составот на овошјето се менуваат со сушење или термичка обработка. Соединенија, како што се некои терпени и киселини и даваат пријатна арома на кајсијата.

 

Покрај овошјето, семките од кајсија се користат во прехранбената индустрија, најчесто како замена за бадемите. Од нив е направен италијанскиот ликер амарето, како и амарети бисквитите. Маслото од семето од кајсија некаде се користи како масло за јадење.




Коментари

коментари