Ги запали социјалните мрежи: Ријана изгледа како златна божица! (ФОТО)

Пејачката и сопственичката на два бренда уште еднаш докажа дека таа е најдобра реклама самата за себе. По повод лансирањето на нејзиниот нов производ од козметичкиот бренд Fenty Beauty, таа направила една жешка фотосесија во која го претставува новиот хајлајтер за тело.

Освен што производот изгледа совршено на нејзиниот темен тен, таа избрала и златен фустан кој ги истакнува нејзините облини и нозе.


Нејзините обожаватели ги преплавија социјалните мрежи со коментари, а најчест бил оној дека изгледа како златна божица. За нешто повеќе од 16 часа Ријана собрала преку 3 милиони лајкови, а нивниот број се зголемува секоја секунда.




Коментари

коментари