Категории

Ѓоковиќ со пет титули е новиот рекордер на Индијан Велс

Светскиот тенски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на мастерс
турнирот во Индијан Велс, откако во финалето го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 6:2, 6:0.

Ова е вкупно петта титула за србинот на овој турнир со што стана единствениот тенисер кој пет пати го подигнал пеехарот на овој турнир, а воедно се изедначи со рекордот на Рафаел Надал по најмногу освоени мастерс титули, двајцата имаат по 27.

Викторија Азаренка е новиот шампион на Индијан Велс во женска конкуренција, откако белоруската тенисерка во големото финале ја совлада фаворизираната Серена Вилијамс со 6:4, 6:4.

Вилијамс, која се врати на овој турнир по пауза од 14 години, се надеваше дека ќе стигне до третиот трофеј во Индијан Велс, но потфрли од почеток до крај и сосема заслужено капитулираше пред противничката која се покажа во дадалеку подобро светло.

Ова е втор трофеј за Викторија Азаренка во Индијан велс, по оној во 2012 година, со што Белорусинката повторно се врати во Топ 10 на ВТА­листата.

Прегледи:
478
Категории:
Спорт · Тенис
Објавено на:
21.03.2016