„Главен удар“ е новиот роман на Сандра Браун од кој ќе ви затрепери срцето!

Сандра Браун е една од најбараните авторки во светот, токму заради тензичната неизвесност и возбудливиот начин на кој ги раскажува своите приказни.

На задоволство на читателите, по Здивот на скандалот и „Стапица“, од денес во ИП Култура сите вљубеници во пишаниот збор може да го најдат најновиот роман на Сандра Браун под наслов „Главен удар“. Ова е роман што ќе ве остави без здив и од кој ќе ви затрепери срцето!

Бестселер на Њујорк тајмс во кој се разрешува вековното прашање: дали целта ги оправдува средствата?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Издавачка куќа Култура (@knizarnicakultura) on


Д-р Емори Шарбоно, педијатар и жена која трча маратони, ќе исчезне на една планинска патека во Северна Каролина. Откако магла и мраз ќе ја покријат планината и сиот див свет во неа, ја снемува нејзината трага.
Потрагата станува невозможна.
Додека полицијата се сомнева во Џеф, поради нивниот „инстант развод“, Емори, која има необјаснива повреда на главата, ќе се освести и ќе се најде заробена со човек чие насилно минато е многу мрачно. Таа е одлучна да му избега и сака да направи сè што е потребно за да преживее.

Главен удар“ е книга полна со љубов, измама и одлуки што мораме да ги донесеме за да преживееме!




Коментари

коментари